Новите контингенти со руски војници и воена опрема се забележани како се приближуваат кон границата со Украина и инвазијата би можела да започне во секој момент, појасни државниот секретар на САД, Ентони Блинкен.
Тој додаде дека Русија би можела да ја нападне Украина и за време на Зимските олимписки игри во Пекинг.
Говорејќи на конференцијата во Мелбурн, Блинкен пред претсавниците на земјите од неформалната група Квад(Австралија, Индија, Јапонија, Јужна Кореја) проговори за растечката опасност од инвазијата, која би можела да има страшни последици врз безбедноста на Европа.
– Продолжуваме да го следиме загрижувачкото однесување на руската војска во ескалирањето на односите, вклучувајќи ги и новите трупи што пристигнаа на украинската граница – истакна Блинкен.
Претходно претседателот на САД Џо Бајден, ги предупреди американските граѓани веднаш да ја напуштат Украина.