РУСИНО ЌЕ ПРЕРАСНЕ ВО СОВРЕМЕНА РЕГИОНАЛНА САНИТАРНА ДЕПОНИЈА Спас за 322.000 жители

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Првиот заменик-претседател на Владата и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити, во придружба на градоначаникот на Гостивар Валбон Лимани денеска го посети претпријатието ‘Русино-Полог’ во Гостивар, каде се сретна со директорот на претпријатието, Сазан Хорвати, а по средбата, тие заедно ја посетија депонијата Русино, која опслужува 9 општини од Полошкиот регион, со 184 населени места, односно 322.000 жители.

Меџити изјави дека целта на посетата е да се направи увид на моменталната состојба на депонијата и да се најават инвестициите кои Министерството за животна средина и просторно планирање, ги планира за првата половина од наредната година што имаат за цел оваа депонија да ја претвори во современа регионална санитарна депонија за цел полошки регион.

– Во рамките на проектот, во тековниот период за Полошкиот регион се реализираат активности за изградба на трансфер станица за Тетово која ќе служи како помошна инфраструктура за собирање на отпадот, што потоа ќе биде транспортиран до регионалната депонија Русино, потоа набавка на специјална опрема, т.е. тешка механизација, наменета за потребите на регионалната депонија Русино, со цел подобрување на ефикасноста и капацитетите за управување со отпадот и проект за надзор на проектните активности на терен, што ќе обезбеди континуиран мониторинг на сите активностите што се спроведуваат – изјави Меџити.

Тој информираше дека во моментов во тек се активности за избор на компании што ќе го реализираат проектот, а најдоцна до јуни 2025 година се очекува да започне реализацијата на терен.

Регионалниот проект за цврст отпад во Полошкиот регион се финансира преку заем од Европската банка за реконструкција и развој (ЕБОР), грант од Швајцарската агенција за развој (SECO) и други донатори, а новата санитарна депонија поставена врз постојната депонија Русино ќе работи согласно националните и ЕУ стандардите.

Share This Article