More

    Ахмети порача дека утре е историски ден

    spot_img

    Лидерот на ДУИ Али Ахмети преку видеообраќање на Фејсбук истакна дека утре, денот кога треба да биде избрана техничката влада предводена од Талат Џафери е историски ден и за Албанците и за Македонците бидејќи ќе биде избран првиот премиер Албанец.

    – Почитувани браќа и сестри, почитувани граѓани, пред четири години од ова место Ви се обратив со зборовите: „Сè има свој почеток. Сè започнува со еден сон”. Ви реков дека сите имаме свои сништа, за нашите деца, за себе, за државата. Верувам дека ќе се присетите кога истакнав дека ние, Албанците, сонувавме за слобода и еднаквост. Слободата и еднаквоста не доаѓаат лесно, бараат многу пожртввуваност и посветеност, но и верба, верба дека целта ќе се постигне. Ме прашаа, дали навистина веруваш дека ќе се реализира, реков не само што верувам, туку и ќе се реализира – истакна Ахмети.

    Тој додаде дека верувал и во Охридскиот рамковен договор, како и во официјализирање на албанскиот јазик и албанското знаме. Верувал, дека ќе станеме дел од НАТО и дека ќе отвориме преговори за членство во Европската Унија. Верува и дека наскоро ќе станеме дел од Европската Унија, бидејќи Соединетите Европски држави се негов идеал за кој што работи секојдневно.

    – Утре браќа и сестри, утре е историски ден. Утре, недела, 28 јануари 2024 година, го избираме првиот премиер Албанец во Република Северна Македонија. Овој ден е историски како за Албанците така и за Македонците, како и за сите, други бидејќи стануваме рамноправна држава и општество и ги надминуваме сите предрасуди. Заедно, ја преземаме одговорноста да ја водиме државата, не еден позади друг, туку рамо до рамо еден до друг, заедно, за Европска Македонија. Благодарен сум што верувавте во нас, застанавте зад нашиот сон со вашата укажана доверба, таа ваша поддршка утре се наградува со исполнето ветување и со уштр една завршена работа, и со уште еден остварен сон. На сите наши граѓани им го честитам ова достигнување и сигурен сум дека нашата земја станува посилна, порамноправна и пообединета – вели Ахмети.

    Тој најави дека изборот на првииот премиер Албанец не е крај, туку дека е само почеток и дека имаат уште многу работа и соништа за остварување.

    – Денес, имаме потреба од обединување, да подадеме рака еден на друг, да ги оставиме настрана нештата што не разделуваат и да се обединиме околу нештата што не зближуваат. И пред четири години, но и сега, истакнав дека ние знаевме како да се обединиме за заеднички цели, кога тоа е значајно и одлучувачки. Она што ќе го направиме утре ќе го дефинира животот на генерациите по нас. Дали треба на нашите внуки и внуци да им оставиме Европска Македонија или проруска Македонија, демократска или диктаторска земја, мир или конфликт, напредок или статус кво? Токму затоа мора да се обединиме! Овие процеси се поголеми од секој од нас, но во наши раце е да изградиме мостови и да го изградиме патот за остварување на соништата. Повторно велам, да ја засадиме иднината денес, за идните генерации да го жнеат успехот. Кога сме заедно, ние сме многу моќни. Заедно го направивме првиот албански премиер, ајде заедно да ја направиме Европска Македонија, верувајќи дека соништата се остваруваат ако верувате и работите. Кога се осмеливме, успеавме, кога сонувавме, остварувавме, кога верувавме, работевме, кога ветивме, остваривме – рече Ахмети.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img