Русинката Алија Роза тврди дека била шпион на рускиот претседател Владимир Путин. Таа наведува дека се приклучила на воената академија во Москва кога наполнила 18 години, каде што била обучена како шпион, пишуваат странските медиуми.
– На воената обука ги научив основите на боречките вештини и ракувањето со оружје. Потоа работев како агент во акциите против трговија со луѓе и дрога. Подоцна неколку девојки и мене ме поканија од страна. На специјална обука нѐ научија на заведување и манипулација. Имавме и посебни секс-тренинзи – рекла Алија.
„Тие нѐ научија како можеме да го искористиме изгледот за да извлечеме што е можно повеќе информации од личноста од интерес. Сексот е многу важен во тоа“, додала таа.
Алија тврди дека побегнала од Русија откако мафијашите се обиделе да ја убијат, а на крајот морала да го смени името. Таа ја коментирала и актуелната ситуација со Украина и рекла дека е против војната. Таа смета дека знае што има во главата на Путин во моментов.
„Најважното нешто е во тоа што живееме двојни животи. Погледнете ги фотографиите на Путин. Тој јава коњ без кошула, лови риби, нурка… Како да е Џејмс Бонд. Тоа е бренд. Сите Руси сакаат да бидат такви. Луѓето го почитуваат и му се восхитуваат Како да го постигнете тоа, ве учат во воените училишта за тајни агенти“, рекла таа.
Инаку, Алиа денес работи како ПР-агент.
ФОТО: Инстаграм