Претседателот на руската Државна дума, Вјачеслав Володин, денеска го обвини Вашингтон за координирање на воените операции во Украина, кои ги нарече директно мешање во воените дејствија против Русија.
„Во суштина Вашингтон ги координира и развива воените операции, затоа, директно учествува во воените дејствија против нашата земја“, напиша Володин на Телеграм.
Британските медиуми пренесуваат дека Вашингтон и европските партнери од НАТО го снабдуваат Киев со оружје за да се одбранат од руските напади, но САД и НАТО неколку пати соопштија дека самите нема да учествуваат во борбите, за да не влезат во конфликтот.