More

    Русија протера 40 германски дипломати

    spot_img

    Руското Министерство за надворешни работи во понеделникот соопшти дека прогласило 40 германски дипломати за непожелни како одмазда откако Берлин протера еднаков број руски дипломати.

    На 4 април Германија прогласи „значителен број“ претставници на руската амбасада во Берлин за „непожелни“, соопшти германското Министерство за надворешни работи.

    Протестното писмо поради непријателската политика на Берлин и протерувањето на 40 руски дипломати на почетокот на април беше предадено на германската амбасада во Москва во понеделникот, соопшти руското министерство.

    Според податоците со кои располага ДПА, таа бројка одговара на околу една третина од германскиот дипломатски кор во Русија.

    Германското Министерство за надворешни работи го оцени потегот на Москва како „неоправдан“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img