More

    Русија нема намера да ја нападне Украина

    spot_img

    Руските власти денеска во низата писмени одговори на американските предлози за европската безбедност наведоа дека немаат планови за инвазија врз Украина, додека западните претставници предупредуваат дека напад од Москва би можел да биде неизбежен.

    – Нема руска инвазија врз Украина, што САД и нивните сојузници официјално ја најавуваат од минатата есен, и не е планирана – се вели во соопштението на МНР на Русија.

    Русија соопшти дека би можела воено да одговори доколку Вашингтон не ги исполни нејзините безбедносни барања и сака сите американски војници да ги напуштат од Источна и Централна Европа.

    – Во отсуство на волја од американската страна да преговара за цврсти и правно обврзувачки гаранции за нашата безбедност од САД и нивните сојузници, Русија ќе биде принудена да одговори, вклучително и со воено-технички мерки – се вели во одговорот на Министерството за надворешни работи на Русија на американските безбедносни предлози.

    – Инсистираме на повлекување на сите американски вооружени сили во Централна Европа, Источна Европа и Балтикот – се додава во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img