More

    Израелска делегација денеска отпатува во Каиро на нови разговори со американски, катарски и египетски претставници за договорот за прекин на огнот во Газа, кој вклучува ослободување на израелските заложници од заробеништво на Хама

    spot_img

    Израелска делегација денеска отпатува во Каиро на нови разговори со американски, катарски и египетски претставници за договорот за прекин на огнот во Газа, кој вклучува ослободување на израелските заложници од заробеништво на Хамас, соопштија израелските власти.

    Шефот на израелската агенција за разузнавање Мосад Давид Барнеа и шефот на израелската безбедност Ронен Бар ќе се сретнат со директорот на ЦИА Ричард Барнс, додадоа официјални лица.

    Ним ќе им се придружи и катарскиот премиер Мохамед бин Абделрахман Ал-Тани, кој е и министер за надворешни работи. Тој и претходно преговараше за неколку договори за прекин на огнот во Газа.

    – Во оваа фаза не е планирано пристигнување на делегација на Хамас во Каиро за да учествува во индиректните дискусии спонзорирани од Катар и од Египет – изјави официјален претставник на палестинската организација.

    Хамас во четвртокот соопшти дека останува „отворен за преговори за прекин на огнот и покрај тоа што Израел ги отфрли неговите најнови предлози“, пренесува Бета. Палестинските власти спомнаа можен шестнеделен прекин на огнот што ќе овозможи разговори за размена на заложници држени во Газа за палестински жени и деца во израелските затвори.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img