Руси во Белград изведоа перформанс за жртвите во Украина

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Руското демократско општество (РДД) денеска организираше перформанс во центарот на Белград на кој го изрази своето противење на политиката на рускиот претседател Владимир Путин, наведувајќи дека тој е виновен за жртвите од војната во Украина, јави дописникот на МИА од Белград.

Со перформанс на Плоштадот на Републиката во Белград, активистите на ова здружение сакаа да ги прикажат жртвите од војната, со четворица активисти кои лежат облечени во бело, со врзани раце и намачкани со лажна крв, додека претставниците на РДД држеа транспаренти на кои пишуваше „Ова го направи Путин“ и „Украина“.

Претставникот на РДД Анастасија Дворјанова за агенцијата Бета изјави дека перформансот е посветен на Украинците кои биле убиени од руската армија.

– Ние сме Руси и тука сме уште еднаш да кажеме дека сме против оваа војна и со овој настап сакаме да им покажеме на Србите дека тоа се страшни дела – рече Дворјанова.

Перформансот се одржа под мотото „Сеќавања на жртвите од воените злосторства на војската на Владимир Путин во Украина“.

Руските граѓани кои се доселија во Србија од почетокот на војната во Украина, во декември го основаа здружението „Руско демократско општество“, за кое тврдат дека е антивоено и антифашистичко и ја осудува употребата на воена сила за решавање на меѓународни и внатрешни спорови.

Share This Article