More

    Рубио и Валц се залагаат за цврста политика кон непријателите на САД

    spot_img

    Новоизбраниот американски претседател Доналд Трамп веројатно на врвни позиции ќе назначи два гласни критичари на Кина и пропоненти за цврста надворешна политика кон геополитичките непријатели. Марко Рубио е во трката за државен секретар, додека Мајк Валц за советник за национална безбедност.

    Рубио, сенатор од Флорида, во последните години мораше да ги омекне своите ставови за Кина, Иран и Куба за да се усогласи со ставовите на Трамп за воздржана политика која нема да предизвикува нови војни во светот, пишува „Гардијан“.

    Рубио дури го предизвика Трамп во 2016 година, а по неуспешната кампања му служеше како неформален советник за надворешна политка.

    – Јас не сум на страната на Русија, но, за жал, реалноста е дека начинот на кој војната во Украина ќе заврши е со договорено решение – изјави Рубио за Ен-Би-Си во септември.

    Доколку биде потврдено, Рубио ќе биде првиот Латиноамериканец кој ќе служи како прв дипломат на Америка. Извори за Ројтерс рекле дека Трамп се одлучил за Рубио во понеделникот.

    Републиканската партија во САД важеше за „партија на јастребите“, но во последните години тие проповедаат воздржаност, особено во финансирањето на Украина.

    Мајк Валц, потенцијалниот нов советник за национална безбедност, е републикански конгресмен и лојалист на Трамп кој служеше во националната гарда како полковник. Тој ја критикуваше кинеската активност во Азија-Пацификот и ја изрази потребата САД да бидат подготвени за потенцијален конфликт во регионот.

    Валц е познат по своите изјави за Авганистан. Тој постојано ја изразува потребата за заштита на авганистанскиот народ, велејќи дека американските „војници ќе мора да се вратат назад“.

    Интерсепт објави дека пред да се кандидира за Конгресот во 2018 година, Валц управувал со профитабилна договорна фирма за одбрана со канцеларии во Авганистан.

    Во 2021 година, откако Џо Бајден нареди хаотична евакуација од Авганистан, Валц побара од Бајден да го смени курсот и повторно да ги започне воените операции во регионот. Војната во Авганистан започна во времето на Буш по нападите на 11 септември 2001 година.

    Владините извештаи наведуваат дека напорите на САД за градење нација во Агвганистан резултирале со смрт на повеќе од 48.000 цивили и 66.000 авганистански полицајци и војска.

    Додека се редат коцките во новиот кабинет на Трамп, за нов секретар за внатрешна безбедност Трамп ја назначи Кристи Ноем, актуелната гувернерка на Јужна Дакота.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img