More

    Меѓународната организација ИФЈ им се закани на израелските власти со суд

    spot_img

    Меѓународната федерација на новинари (IFJ) се закани дека ќе преземе правни мерки против израелските официјални лица доколку новинарите кои работат во Газа бидат цел на војската.

    Во отвореното писмо до израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и министерот за одбрана Јоав Галант објавено во саботата, ИФЈ рече дека околу 10 отсто од новинарите кои работеле во Газа биле убиени за време на војната меѓу Израел и Хамас.

    „Стапката на смртност меѓу собирачите на вести беше толку висока – околу три пати поголема од онаа на здравствените работници, на пример – што е невозможно да се поверува дека тоа е прашање на случајност“, се вели во писмото, според Си-Ен-Ен.

    Комитетот за заштита на новинарите (CPJ), посебна непрофитна организација која ја промовира слободата на медиумите, во неделата соопшти дека 83 новинари и медиумски работници биле убиени од почетокот на војната на 7 октомври. Од нив, 76 се Палестинци, четворица се Израелци и тројца Либанци.

    Во писмото, ИФЈ го повика Израел да објави конкретни политики и процедури за да се осигура дека воениот персонал ќе ги штити новинарите.

    Израелската војска претходно соопшти дека никогаш намерно не напаѓа новинари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img