Мечот меѓу Карлос Алкараз и Александар Зверев во четвртфиналето на Индијан Велс беше прекинат од необична причина. Рој пчели го нападнаа теренот, судијата затекнат од ситуацијата се обиде да се справи, а Алкараз побегна во соблекувалната во обид да се спаси од неочекуваниот напад. Поради овој несекојдневен настан мораше да се направи пауза, а на терен излезе „специјалист“ кој успеа да ги собере пчелите.
На страната на Алкараз од теренот имаше многу пчели кои претставуваа опасност за Шпанецот, кој мораше да истрча во соблекувалната.
Судијата сфатил колку е сериозна ситуацијата, па го прекинал мечот, а потоа на сцена стапил човек по име Ленс Дејвис.
Човек со прекар „убиец на пчели“ ја завршил работата, ги отстранил пчелите со специјална правосмукалка што ја донел и така станал херој на денот.
Дејвис целата работа ја заврши без заштитна опрема, но најважно е што се помина успешно, иако прекинот траеше речиси два часа.
Навивачите беа воодушевени од Дејвис, па се сликаа со него на трибините.
Откако теренот беше исчистен од неочекуваните гости, Алкараз и Зверев го продолжија мечот во кој Шпанецот на крај славеше победа со 2:0 и се пласира во полуфиналето на Индијан Велс.
А еве каква беше реакцијата на Карлос Алкараз кога по мечот ја виде на снимка сцената на која бега од пчелите во соблекувална: