More

    Со кои зборови Чарлс пробал да ги помири браќата?

    spot_img

    Британското кралско семејство сè уште е на удар на јавноста поради „Кејтгејт“, односно аферата поврзана со исчезнувањето на Кејт Мидлтон од јавноста. Додека интернетот експлодираше поради сомнежите дека две фотографии што неодамна се појавија од Кејт биле фотошопирани, а едната од нив беше и повлечена од новинските агенции, нема сомнеж дека односите меѓу принцовите Вилијам и Хари се лоши.

    Колку е голем јазот меѓу браќата говори податокот дека самиот крал Чарлс по смртта на татко му принцот Филип очајно ги молел синовите да се помират – но тоа не вродило со плод. Британски Мирор ги открива седумте зборови кои кралот ги изговорил во надеж дека тие ќе се помират.

    Деталите ги откри и самиот принц Хари во своите мемоари „The Reserve“ кои предизвикаа голема драма меѓу британската јавност и кралското семејство. Како што напишал Хари, Чарлс ги молел своите синови да престанат да се борат. Монархот ги поканил да дојдат во Виндзор по погребот на војводата од Единбург во април 2021 година.

    На една напната средба, Чарлс ги погледнал „црвените лица“ на Вилијам и Хари и им рекол:

    – Ве молам, момци. Не ми ги правете мизерни последните години.

    Всушност, Мирор пишува и дека Вилијам и принцот Хари вечерва ќе учествуваат на церемонијата на доделување на наградата во чест на нивната покојна мајка, принцезата Дијана – но тие ќе го одбележат моментот одделно.

    Принцовите денес се во многу лоши односи, но тоа не било секогаш случај. Порано беа многу блиски.

    – Тоа беше многу среќна заедница. Тоа беше многу среќно семејство – изјави неодамна поранешниот кралски телохранител Кен Ворф, кој беше вработен во кралското семејство од 1986 до 1993 година.

    Но, откако и двајцата прицови се венчаа и почнаа да водат одвоени животи, тие се отуѓија. Во последниве години, Хари изнесуваше експлозивни тврдења за својот брат и семејството, а во својата книга дури зборуваше и за физичка пресметка меѓу нив. Зборувајќи за детството на Вилијам и Хари, Варф рече дека „Хари отсекогаш бил шегаџија, забавувач“.

    – Си мислам дека би било сосема нормално најстариот Вилијам да биде малку нервозен или љубоморен на Хари затоа што беше толку популарен – вели тој.

    Вилијам и Хари не зборуваат веќе неколку години. Наводно за ова придонеле бракот на Хари со Меган Маркл, неговите мемоари „The Reserve“ и интервјуто со водителката Опра Винфри.

    „Резервата“ доаѓа по години напнатост меѓу браќата и откако Хари и Меган го напуштија кралското семејство и се преселија во Калифорнија.

    Врската меѓу браќата повторно е под лупа во време кога јавноста секојдневно прашува каде е Кејт Мидлтон, која последен пат беше видена во јавноста во декември кога со семејството отиде на божиќната служба. Според последните информации, принцезата од Велс моментално е во „кревка психичка и физичка состојба“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img