More

    Познати стартните петорки за Ол-стар дуелот во НБА

    spot_img

    Србинот Никола Јокиќ и Словенецот Лука Дончиќ се меѓу избраните ѕвезди во НБА што ќе настапат на годинешниот Ол-стар натпревар во Индијанаполис. Јокиќ и Дончиќ ќе настапат за тимот на Западот кој ќе го предводи легендарниот Леброн Џејмс.

    Легендата на лејкерси по рекорден 20-ти пат и ќе биде дел од Ол-стар натпереварот како капитен на Западот против Џанис Антетокунмпо, кој го предводи тимот на Истокот, на дуелот што ќе се одигра на 18 февруари во Индијанаполис.

    Леброн Џејмс кој на 30 декември го прослави својот 39-ти роденден, со својот 20-ти избор на Ол-стар натпреварот во неговата 21 сезона во НБА, го надмина рекордот што го држеше заедно со другата легенда на Лејкерс, Карим Абдул-Џабар.

    Во тимот на Западот ќе му се придружат Кевин Дурант (Феникс ), Никола Јокиќ (Денвер), Лука Дончиќ (Далас) и Шаи Гилгеус-Александер (Оклахома). Тимот на Истокот го предводи Антетокунмпо, а покрај него се и неговиот соиграч од Милвоки Бакс, Демијан Лилард, МВП во сезоната 2022/2023. Џоел Ембид (Филаделфија ), Џејсон Тејтум (Бостон) и Тајрис Халибертон (Индијана).

     

    Ѕвездата на Далас Маверикс, 24-годишниот Словенец Лука Дончиќ, петти пат по ред е избран во тимот на Западот за НБА Ол- стар натпреварот, а по четврти пат ќе биде во првата петорка. Дончиќ сега им се придружи на Леброн Џејмс, Коби Брајант, Шекил О’Нил, Ајзеа Томас и Ентони Дејвис на списокот НБА играчи кои успеале да се квалификуваат за Ол-стар натпреварот пет пати пред да наполнат 25 години.

    Тимовите се направени со 50% од гласовите на навивачите, 25% од гласовите на играчите и 25% од гласовите на новинарите кои ја следат НБА лигата. На 1 февруари НБА ќе ги објави резервните играчи, кои ќе бидат избрани со гласање на тренерите.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img