Родителите на Бред Пит не си ги виделе внуците 8 години

Lorita
By Lorita 3 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
epa10106064 Head of Iran's Revolutionary Guard Corps (IRGC) Hossein Salami speaks to the crowd during a funeral ceremony of five soldiers killed during the Syrian civil war, in Tehran, Iran, 04 August 2022. Five bodies of Iranian revolutionary guard corps (IRGC) killed during the war in Syria, including IRGC General Abdollah Eskandari, were recently repatriated from Syria. EPA-EFE/ABEDIN TAHERKENARE

Родителите на Бред Пит, Вилијам и Џејн, наводно се многу тажни бидејќи 8 години немаат никаков контакт со внуците. Тие некогаш беа важен дел од нивниот живот, но поради долготрајната правна битка помеѓу Бред и Анџелина Џоли, нивната врска со внуците е целосно прекината, објави Дејли мејл.

Бред Пит се отуѓи од својата 18-годишна ќерка Шајло и од 16-годишните близнаци Нокс и Вивиен, како и од неговите три посвоени деца – Медокс (23), Пакс (20) и Захара (19) – по жестока расправија со Џоли во нивниот приватен авион, во 2016 година, по што актерката поднесе барање за развод.

Упатените откриваат дека и бабата и дедото, Вилијам и Џејн Пит, страдале во текот на целиот процес и стравуваат дека можеби „никогаш повеќе нема да можат да минуваат време со своите внуци“.

Според извор, кој го познава семејството, грижливите баба и дедо претходно биле многу присутни во животот на децата и честопати биле фотографирани додека уживале и минувале добро време со своите внуци.

– Пред разводот тие беа дел од животот на децата и сите поминуваа многу време заедно. Жално е да се види дека веќе не е така. За Џејн и за Бил е тажно што немаат контакт со своите сакани внуци. Тие се во нивните 80-ти и мислат дека никогаш повеќе нема да можат да поминуваат време со нив – рекол изворот.

Бил (83) и Џејн (84) последен пат беа фотографирани во јавност со нивните внуци на премиерата на филмот на Анџелина Џоли, „Unbroken“, во 2014 година.

Џејн тогаш имала само пофалби за Анџелина.

– Многу сме горди на Енџи. Ова значи многу за нашето семејство, особено за нашите внуци. Многу ја сакаме – им рекла таа на новинарите.

Анџелина во минатото со љубов зборуваше за родителите на Бред бидејќи тие ги прифатиле нејзините посвоени деца.

- Advertisement -
Ad image

– Кога првпат ги запознав, дојдов со две посвоени деца од други земји и не знаев како ќе ги примат. Но, тие се подеднакво полни со љубов и кон нив – рече таа.

Односот на Бред со неговите деца се влошил до таа мера што тој „практично нема контакт“ со своите три најстари деца. Захара го отфрли „Пит“ од своето презиме во ноември 2023 година, а потоа Вивиен го стори истото во јуни оваа година. Шајло им се придружи во август кога му плати на сопствениот адвокат за да го отфрли „Пит“ официјално од нејзиното презиме.

Одлуката ги погодила Бил и Џејн, кои биле принудени да гледаат како се одвиваат работите од нивниот дом во Мисури. Друг извор додал дека отуѓувањето било „трагично“ за двете страни.

- Advertisement -
Ad image

– Тие се баба и дедо кои живеат за своите внуци, но не ги виделе со години. Трагично е за двете страни – потенцира извор близок до семејството.

Share This Article