More

    Родители на жртвите од Рибникар згрозени од сведочењето на мајката на Коста К.

    spot_img

    Таткото на убиеното девојче Анѓелка, како и татковците на другите девојчиња Дана Дукиќ и Бранко Анѓелковиќ ја напуштија судницата на Вишиот суд во Белград каде сведочеше мајката на момчето убиец Коста Кецмановиќ.

    Инаку, едно од девојчињата почина на денешен ден, пред точно една година, откако 12 дена се бореше за живот во болница.

    Како што дознава српски Курир, иако родителите не сакале да зборуваат за причините за напуштањето на судницата само половина час по почетокот на судењето, тие биле револтирани од одбраната на мајката и повеќе не можеле да издржат да слушаат што таа зборува. Тие набрзина ја напуштија судницата со наведнати глави.

    – Мајката на момчето убиец, која денеска првпат ја дава својата одбрана, на почетокот на своето излагање негираше вина, а потоа се обиде да се претстави себе и своето семејство како жртвa. Таа, исто така, им изрази сочувство на родителите на убиените деца кои седеа во судницата, но тоа им изгледаше сосема неискрено, до тој степен што еден од татковците гласно рече „Не можам да ги слушам овие литературни дела“ и си замина – откри соговорникот на Курир.

    Инаку, како што додава изворот на споменатиот портал, денешното судење го одбележа драматична и бурна дискусија меѓу адвокатите кои ги бранат родителите на момчето убиец и обвинителите кои го застапуваат обвинението.

    – По излагањето на одбраната на мајката на момчето убиец, адвокатите ѝ поставија прашања, но двајцата обвинители протестираа што прашањата сугерираат мајката да дава различни одговори од она што го кажа во одбраната, а се однесува на делот на нејзината одбрана за стрелачкиот тренинг на момчето на стрелиштето на кое го однел неговиот татко – објаснува соговорникот.

    Обвинителите, додава тој, интервенирале неколку пати поради незаконски прашања на одбраната, но и родителите на убиеното девојче.

    – Родителите на девојчето останаа во судницата, но во еден момент ни тие не можеа да останат смирени за она за што зборуваат мајката и нејзините бранители, па уфрлија уште многу лаги – открива изворот за Курир.

    Во моментов има пауза на судењето, а родителите кои останаа во судница си заминаа заедно со адвокатите, додека мајката на момчето убиец остана сама пред судницата, без адвокат.

    Да потсетиме дека претходно таткото на момчето убиец ја негираше вината и при презентацијата наводно инсистирал дека „тие се угледно семејство“ и дека не треба да оди „во затвор за нешто што не го направил“.

    Коста Кецмановиќ изврши масакар на 3 мај минатата година во основното училиште „Владислав Рибникар“ во центарот на Белград.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img