More

    Сесрпскиот собор нема да биде обична средба со Додик, вели Вучиќ

    spot_img

    Српскиот претседател Александар Вучиќ најави многу важни одлуки на големиот Сесрпски собор, меѓу кои и одлуката за изградба на меморијални центри во Белград и Доња Градина (Јасеновац). Тој рече и дека за него изборите се завршени и додава дека сега треба да работат институциите, јави дописникот на МИА од Белград.

    Тој најави дека Србија ќе уплати 10 милиони евра за патот Бјелина-Сремска Рача (БиХ-Србија), за кој веќе се обврза да го изгради.

    – Луѓето мислат дека тоа е само средба меѓу Додик и Вучиќ, не – секој министер ќе го прими својот партнер од Република Српска – рече Вучиќ.

    – Секој си го пронајде својот партнер кому ќе му помогне и каде ќе види како ќе соработуваат во иднина – изјави Вучиќ.

    Тој додаде дека на Сесрпскиот собор ќе има по 1.000 луѓе од Србија и Република Српска од културно-уметнички друштва.

    Српскиот претседател рече дека за него изборите се завршени и дека нема време да се занимава со тоа кој ќе формира влада во општина Врачар, Стари Град или на некои други места.

    – За мене изборите завршија, работата сега е на државните органи, институции. И на едните и на другите им кажав што мислам и дека треба да се грижат за народот – рече Вучиќ и додаде, нема сила да се справи со тие прашања.

    Тој наведе дека во Нов Белград, Врачар и Ниш се прегледувани изборните ливчиња и дека „се е како што е напишано“, односно дека на две избирачки места било констатирано дека грешките биле за по едно ливче.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img