More

    Поранешен директор и двајца чувари на затворот во Приштина сториле кривично дело за време на воениот конфликт

    spot_img

    Специјалното обвинителство на Косово соопшти дека до Основниот суд во Приштина поднело обвинение за воени злосторства, во отсуство, против три лица од српска националност, со иницијали Л.Ч., П.Б. и М.И., јави дописникот на МИА од Приштина.

    Според соопштението, еден од обвинетите во времето на војната бил директор на Окружниот затвор во Приштина.

    „Специјалното обвинителство информира дека обвинетиот Л.Ч., во својство на службено лице – директор на Окружниот затвор во Приштина, во периодот на вооружениот конфликт, поточно војната во Косово 1998-1999 година, во затворот во Приштина и одделението во Липјан, во соизвршителство со други службеници од овие затвори го сториле кривичното дело „воени злосторства против цивилното население“ од член 142 во врска со член 22 од ЗП на РСФЈ, сега инкриминиран по Член 144, 145, 146 и 147 поврзани со член 31 од КЗРК“, се наведува во соопштението.

    За другите двајца се вели дека биле чувари во истиот затвор.

    „Обвинетите П.Б и М.И., во својство на службени лица – стражари на затворот Приштина и одделот во Липјан, за време на вооружениот конфликт, поточно војната во Косово 1998-1999 година, во затворот во Приштина и одделението во Липјан, во соизвршителство и со други службеници од овие затвори, сториле кривично дело ‘Воени злосторства против цивилното население’ од член 142 во врска со член 22 од ЗП на РСФЈ, сега инкриминиран по член 144, 145, 146 и 147 поврзани со член 31 од КЗРК“, се наведува во соопштението.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img