Роберт Де Ниро првпат во јавноста по смртта на саканиот внук

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Веста за смртта на 19-годишниот Леандро Де Ниро Родригез, внук на легендарниот актер Роберт де Ниро (73), во понеделникот ја шокираше јавноста. Актерот сега е виден за првпат по трагичниот настан.

„Скршениот“ Де Ниро беше виден како го напушта својот стан во Апер Ист Сајд вчера вечерта. Носешл капа и медицинска маска за лице. Влегол во црн теренец кој го однел до  компанија за погреби „Френк Е. Кемпбел“, на само неколку улици подалеку од неговиот стан, пишува „Дејли мејл“.

Де Ниро пристигнал во погребната компанија заедно со родителите на Леандро, посвоената ќерка на актерот Дрена Де Ниро и уметникот Карлос Родригез. Дрена со трогателна порака на социјалните мрежи се прости од својот сакан син.

– Денеска последен пат те држев во раце, не заслужи вака рано да си заминеш – напиша таа.

Да потсетиме, Леандро беше пронајден од полицијата како седи неподвижен на стол во неговиот стан во Њујорк во неделата попладне. До него биле пронајдени неколку опијати и комплет за консумирање дрога.

Во официјалното обраќање до медиумите, Де Ниро рече дека е длабоко потресен од смртта на внукот.

Share This Article