More

    Ризикот од срцеви заболувања и мозочен удар – двојно поголем кај луѓето што ‘рчат

    spot_img

    Новата студија спроведена на Универзитетот Флиндерс во Австралија открила важна врска помеѓу ноќното ‘рчење и високиот крвен притисок, односно, дека ‘рчењето може да биде ран показател за висок крвен притисок и хипертензија.

    Истражувачите ги анализирале податоците од повеќе од 12.000 учесници ширум светот во текот на девет месеци користејќи уреди за следење на спиењето и домашни монитори за крвен притисок.

    Студијата за прв пат објективно потврдила дека постои значајна поврзаност помеѓу редовното ноќно ‘рчење, особено кај средовечните мажи со прекумерна тежина и високиот крвен притисок.

    Резултатите покажале дека учесниците кои ‘рчеле повеќе од 20 отсто од ноќта имале поголем ризик од неконтролирана хипертензија.

    Главниот автор на студијата, д-р Бастиен Лешат, ја истакнал важноста од препознавање на ‘рчењето како потенцијален ризик фактор за хипертензија и нагласил дека нарушениот сон поради ‘рчењето може да го зголеми ризикот од сериозни здравствени проблеми како што се срцеви заболувања и мозочен удар, пренесува Nature. 

    Студијата исто така покажала дека ризикот од неконтролирана хипертензија е речиси двојно зголемен кај луѓето кои редовно ‘рчат и имале апнеја при спиење, во споредба со оние кои ги немале овие проблеми.

    „Ова е најголемата студија досега која ги истражува потенцијалните врски помеѓу ‘рчењето, апнејата при спиење и хипертензијата користејќи објективни проценки во домовите на луѓето и открива важни сознанија за потенцијалните последици од ‘рчењето врз ризикот од хипертензија“, истакнал д-р Лешат.

    Овие резултати ја нагласуваат важноста од следење на квалитетот на спиењето и разгледување на ‘рчењето како фактор во здравствената заштита, особено кај луѓето кои имаат индикации дека не спијат добро.

    Доколку забележите дека ‘рчите или имате симптоми како што се прекумерна поспаност во текот на денот или проблеми со дишењето за време на спиењето, се препорачува да се консултирате со лекар.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img