„Името му е Крле, а тоа име доаѓа од зборот „крлеж“. Неговото тело беше полно со крлежи кога го заловивме. Се погриживме да биде чист кога беше пуштен на слобода“.
Ваква порака беше објавена на Фејсбук страницата „Balkan Lynx Recovery Programme“, каде што беше и објавено видеото од моментот кога Крле излегува од кафезот.
Тој на вратот има уред за следење.
„Биди здрав и испрати ни вредни податоци“, објавено е на Фејсбук.
Во продолжение, погледнете го видеото: