More

    Ријана настапи на свадба кај индиски милијардер

    spot_img

    Музичката ѕвезда Ријана е ангажирана да настапи на предсвадбената церемонија на Анант Амбани и Радика Мерчант.

    Цел свет моментално бруи за овој настан и, како што велат, Рири е многу платена за ова! За да се појави и да отпее неколку песни, ѝ платиле дури 5 милиони долари.

    Тридневното задоволство чинело околу 120 милиони, со дополнителни трошоци за гостите кои изнесуваат околу 20 милиони долари, пишува „Дејли мејл“.

    Видеата од настанот ги преплавија социјалните мрежи и додека едни се воодушевени, други коментираат дека пејачката била видно незаинтересирана. Тајкуни од целиот свет, шефови на држави, како и холивудски и боливудски ѕвезди вчера дојдоа во малиот западен индиски град Џамнагар, каде милијардерот индустријалец Мукеш Амбани започнува голема свадбена прослава за својот најмлад син.

    На списокот на гости од речиси 1.200 лица се поп-ѕвездата Ријана, Бил Гејтс, Марк Закерберг, Сандер Пича, Иванка Трамп и боливудската ѕвезда Шах Рук Кан.

    66-годишниот Мукеш Амбани во моментов е 10-ти најбогат човек во светот со нето богатство од 115 милијарди долари, според Форбс. Тој е и најбогатиот човек во Азија. Неговата компанија „Рилајанс индустрис“ е огромен конгломерат, со годишен приход од над 100 милијарди долари.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img