Републиканците не дозволат повисок лимит на јавниот долг, ако не се скратат трошоците

Lorita
By Lorita 1 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Републиканскиот лидер Кевин Мекарти соопшти дека на средбата со претседателот Џо Бајден не е постигнат договор за јавниот долг на САД.

– Нема напредок – изјави претседателот на Претставничкиот дом по напуштањето на Белата куќа, каде што еден час разговараше со Бајден, кој е од редовите на Демократите и челниците на Конгресот.

Двете страни треба повторно да се сретнат в петок за да разговараат за ова чувствително прашање.

Демократите и републиканците не успеваат да се договорат за зголемување на плафонот на јавниот долг на САД, што е неопходен законски потег за најголемата светска економија да продолжи да ги плаќа своите обврски, своите службеници и своите доверители.

По напуштањето на состанокот, лидерот на демократите во Сенатот Чак Шумер го обвини Кевин Мекарти дека горната граница на задолжувањето ја држи како „заложник“, бидејќи подигање на плафонот на долгот го условува со намалување на трошоците.

Американскиот претседател Џо Бајден вчера повтори дека неплаќањето на американските финансиски обврски „не е опција“, по состанокот со конгресните лидери за ова прашање.

Share This Article