Министерството за здравство информира, согласно податоците од Институтот за јавно здравје дека во последните 24 часа направени се 1.176 тестови, а регистрирани се 92 нови случаи на ковид-19: Скопје – 60, Кавадарци и Охрид – по 6, Прилеп – 5, Струмица – 4, Куманово и Гостивар – по 2, Тетово, Штип, Кочани, Струга, Гевгелија, Радовиш и Делчево – по 1.
Од вкупниот број на позитивни (92), регистрирана е 13 реинфекција.
„Регистрирани сe 363 оздравени пациенти од: Скопје – 200, Кавадарци – 28, Велес – 25, Куманово – 17, Битола – 14, Прилеп – 13, Тетово – 9, Кичево – 8, Штип и Гевгелија – по 7, Радовиш и Ресен – по 6, Неготино – 4, Струмица и Гостивар – по 3, Кочани, Свети Николе, Крива Паланка, Дебар и Кратово – по 2, Валандово, Демир Капија и Дојран – по 1. Во текот на изминатите 24 часа, регистрирани се 3 починати лица: две починати лица од Скопје (73 и 80) и едно починато лице од Тетово (61). Пријавените лица се починати во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин, дополнително е пријавено едно починато лице од: Гостивар (64). Починатиот е пријавен на 31.01.2022 година. Пријавеното лице е починато во болнички услови. Од вкупно регистрираните починати лица (4), кај сите лица се регистрирани коморбидитети“, се вели во соопштението.
Досега во земјата се направени вкупно 1.923.358 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 301.583, бројот на оздравени пациенти е 290.617, на починати е 9.150, а бројот на активни случаи изнесува 1.816.
Според епидемиолошки анализи во моментов, дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)