Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 24.06 до 26.06.2022) направени се 2.880 тестови, а регистрирани се 180 нови случаи на ковид-19: Скопје – 118, Охрид – 12, Кавадарци – 8, Тетово – 6, Битола и Струмица – по 5, Штип и Неготино – по 4, Прилеп и Кочани – по 3, Куманово, Велес, Гостивар и Кичево – по 2, Струга, Ресен, Радовиш и Делчево – по 1.
„Од вкупниот број на позитивни (180), регистрирани се 29 реинфекции. Регистрирани сe 153 оздравени пациенти од: Скопје – 70, Куманово – 20, Битола – 9, Охрид – 7, Велес – 6, Струмица, Штип и Дојран – по 5, Прилеп – 4, Струга, Свети Николе и Македонски Брод – по 3, Гостивар, Кичево и Ресен – по 2, Кавадарци, Тетово, Кочани, Виница, Кратово, Крушево и Демир Капија – по 1. Во текот на изминатите 3 дена (од 24 до 26.06.2022) не е пријавено ниту едно починато лице. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој Термин не се регистрирани починати лица. Досега во земјата се направени вкупно 2.078.512 тестирања на ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 313.540, бројот на оздравени пациенти е 303.648, на починати е 9.322, а бројот на активни случаи изнесува 570“, наведено е во соопштението.
Дистрибуција по градови Заболени (вкупно), Активни случаи (вкупно)