Регистрирани се 142 нови случаи на ковид-19 и седум починати, соопшти денеска Министерството за здравство.
Направени се 2.046 тестови, а од новите позитивни случаи од Скопје се 79, Битола – 26, Прилеп и Охрид по 7, Кавадарци, Велес и Кичево по 4, Куманово – 3, Гостивар и Кочани по 2, Тетово, Штип, Гевгелија и Свети Николе по 1.
Од вкупниот број позитивни (142), регистрирани се 28 реинфекции. Забележани сe 105 оздравени пациенти.
Во текот на изминатите 24 часа, имало 4 починати лица во болнички услови. Две починати лица се од Скопје (64 и 85) и по едно од Прилеп (73) и од Велес (58).
Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза ковид-19 од Мој термин, дополнително се пријавени 3 починати лица од: Скопје (2) и Тетово (1), на возраст од 78 години до 87 години. Тие се починати во периодот од 16.03.2022 до 19.03.2022 гоидна. Од нив 2 лица се починати во домашни услови, а едно во болница.
Од вкупниот број починати лица (7), кај 6 се регистрирани коморбидитети.
Досега во земјата со ковид-19 се дијагностицирани 307.796 лица, оздравеле 297.164, починале 9.251, а бројот на активни случаи изнесува 1.381. Во Скопје има 712 активни случаи.