More

    Редот на касата станува минато: Отворен нов тип на супермаркет во Германија

    spot_img

    Во продавницата влегувате со логирање преку апликацијата. Земате што ви треба од полиците и пазарувањето е завршено – можете да одите. Можете да платите брзо потоа, преку мобилен телефон, бидејќи камерите и сензорите го снимиле она што сте го ставиле во вашата чанта.Звучи како сцена од научно-фантастичен филм, но… Вака изгледа шопингот во Минхен, во првиот супермаркет без каса, отворен од германската трговска компанија Rewe. Ова, објави компанијата, е нејзиниот прв целосно автономен супермаркет.

    Претходно, Rewe ја тестираше техниката во две хибридни продавници – кои исто така имаат каси – во Берлин и Келн. Во пробна фаза е и супермаркетот во Минхен, па Реве засега не штеди на персонал.

    Продавниците без касиерки се тестираат и од други трговски синџири, рече Френк Хорст од Институтот за истражување на малопродажба (EHI) во Келн. Тоа се претежно помали дуќани. Супермаркетот Rewe во Минхен е нешто помалку од 300 квадратни метри. Останува да се види, рече Хорст, како ќе им се допадне концептот на клиентите.

    Првиот клиент во Минхен во средата, на денот на отворањето, беше баварскиот министер за економија Хуберт Ајвангер. Среќен е, вели, што Реве го избрал Минхен.

    Ако планот успее, линиите на касите ќе станат минато, рече Ајвангер.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img