Многу се зборуваше за Килијан Мбапе и неговото можно доаѓање во Реал Мадрид, но Французинот остана во Пари Сен Жермен.
Договорот на Французинот со Пари Сен Жермен истекува во летото 2024 година, а на крајот од минатата сезона Мбапе ја отфрли опцијата за продолжување на уште една година.
Членот на управниот одбор на Реал, Хозе Мануел Отеро, за шпанските медиуми призна дека Мбапе е голема желба на Кралевите, дека сакаат да го доведат, но со оглед на важечкиот договор што францускиот напаѓач го има со ПСЖ, едноставно не било можно е да се преземат некои чекори во текот на летото.
„Да направевме погрешен чекор со Мбапе, ПСЖ сигурно ќе преземеше правни чекори против нас. Реал многу добро знае што може и што мора да направи. Се надевам дека Мбапе ќе дојде летото 2024 година на легален начин, за никој да не обвини дека направивме незаконски пакт. Минатата година ја земаа здраво за готово изјавата на Ал Хелаифи, кој рече дека Мбапе има договор со Реал. Тоа не е точно“, рече Отеро, а потоа продолжи:
„Мбапе немаше шанса да потпише за нас летово. Доколку го стори тоа, ќе мораше да се откаже од огромните бонуси кои ги договори со ПСЖ. Од друга страна, ПСЖ постави огромно обештетување. Ќе беше целосно лудо и немаше да има никаква смисла доколку го потпишевме една година порано кога имаше договор со ПСЖ“.