More

    Разликата во рејтингот меѓу кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова и кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски се зголемила за 1,45% за еден месец и од 8,75% во февруари, сега изнесува 10,20%

    spot_img

    Разликата во рејтингот меѓу кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ за претседател на државата Гордана Силјановска Давкова и кандидатот на СДСМ Стево Пендаровски се зголемила за 1,45% за еден месец и од 8,75% во февруари, сега изнесува 10,20%, покажува анкетата спроведена од ИПИС во март на ниво на државата, објавена во синоќешната емисија Објектив на МРТ.

    На прашањето „за кого ќе гласате на претстојните претседателски избори?“ 24,6% од анкетираните одговориле дека ќе гласаат за професорката Гордана Силјаноска Давкова, а 14,4% се изјасниле за актуелниот претседател Стево Пендаровски. По нив следат Бујар Османи со 7,0% поддршка, Таравари со 5,7%, Билјана Ванковска со 3,5% итн.

    Споредено со февруари има зголемување на потенцијалните гласачи и кај Силјановска и кај Пендаровски, но сепак растот е поголем кај кандидатката поддржана од ВМРО-ДПМНЕ.

    Во февруари за Силјановска се изјасниле 20,2%, што значи дека за еден месец нејзината поддршка пораснала за 4,4%, а Пендаровски во февруари имал 11,5% поддршка, и таа во март се зголемила за 2,9%.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img