More

    Растот на индустриското производство од 2,8% се потпира на преработувачите

    spot_img

    Индустриското производство во јануари годинава, во однос на јануари лани, е поголемо за 2,8 %, соопшти Државниот завод за статистика.

    Гледано по сектори, индустриското производство во секторот „рударство и вадење на камен“ во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи опаѓање од 14,2 %, во секторот „пеработувачка индустрија“ бележи пораст од 8,1 %, а во секторот  „снабдување со електрична енергија, гас, пареа и климатизација“ опаѓање од 21,7 %.

    Зголемувањето во  преработувачката индустрија е резултат, пред сѐ, на зголеменото производство во следните оддели: производство на прехранбени производи,  пијалаци (40,2%)  текстил (12,4%),  хемикалии и хемиски производи (27,7%), основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (27,7%), како и на производи од гума и производи од пластични маси (10,1%), на метали (64,2%) , фабрикувани метални производи, освен машини и опрема, електрична опрема и на моторни возила, приколки и полуприколки.

    За одбележување е растот на секторот за поправки и инсталирање на машини од 149%.

    Според главните индустриски групи, производството во јануари 2024 година, во однос на јануари 2023 година, бележи пораст кај енергија за 19,7% и капитални производи за 41,2 %, додека опаѓање бележи кај интермедијарни производи, освен енергија за 13 %, трајни производи за широка потрошувачка за 26,7 % и нетрајни производи за широка потрошувачка за 6,8 %.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img