Расте поддршката за ВМРО-ДПМНЕ и за другите опозициски партии

Lorita
By Lorita 4 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Расте довербата на граѓаните во опозициската ВМРО-ДПМНЕ, додека, пак, рапидно се намалува кај владејачката СДСМ, покажува компаративната анализа на мерење на рејтингот на партиите на Институтот за политички истражувања ИПИС од јануари и февруари месец која се презентираше во вчерашната емисија „Објектив“ на МТВ.

Расте расположението за промена 

На прашањето доколку следната недела има парламентарни избори, дали ќе излезете на гласање во изборна единица еден во јануари, дека сигурно ќе излезат на гласање се изјасниле 40.5%, додека во февруари процентот пораснал на 44.8%, односно зголемување од 4%.

Промена во процентите има и кај оние испитаници кои рекле дека нема шанса да гласаат, односно од 22.2% во јануари, сега во февруари се смалува на 18.3%.

На истото прашање во изборната единица пет, има зголемување во процентот на испитаниците кои би излегле на гласање. Па така, споредбено во јануари одговориле дека ќе изгласат 41.1%, додека во февруари истиот процент се зголемува за дури 7% односно на 48.6%.

Со одговор нема шанса за гласање процентот се намалил, односно ако во јануари одговориле дури 22.9% дека нема да излезат на гласање, сега во февруари расположението се зголемува на 16.8%.

Расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ

На прашањето за која партија ќе гласате на претстојните парламентари избори, ВМРО-ДПМНЕ во јануари имала рејтинг од 20.6%, а во февруари 21.1%. СДСМ во јануари имал 10.4%, додека во февруари 10.1 процент односно минус за некој процент. Кај останатите партии ДУИ, Левица, Европскиот сојуз за промени, ЗНАМ, Алијанса за Албанците има прогрес за некој процент во позитивна смисла.

Има намалување во процентот на оние испитаници кои не сакаат да кажат за која партија би гласале односно од 16.8% во јануари, во февруари се намалил за над 3% однсоно 13%, додека пак се зголемил процентот кај испитаниците кои не сакале да кажат за која партија би гласале, па така од 15.1% во јануари, сега во февруари се зголемил на 25%.

И во изборната единица пет, расте рејтингот на ВМРО-ДПМНЕ. Па така во јануари се изјасниле 19.8%, додека во февруари 22.1%. За СДСМ довербата се намалува, односно од 13.6% во јануари, сега во февруари истиот се намалува на 13%. Во позитивна насока се движат останатите партии ДУИ, Левица, Алијанса за Албанците, ЗНАМ во петтата изорна единици. И тука се намалува процентот на граѓани кои рекле дека нема да гласаат за ниту една партија, а се зголемил повторно процентот на оние кои се уште сакаат да држат во неизвеснот односно не сакале да кажат.

Граѓаните во ВМРО-ДПМНЕ гледаат победник

На прашањето за која партија сметате дека ќе победи на следните парламентарни избори, туку повторно во голема предност е ВМРО-ДПМНЕ. Па така, во јануари ВМРО-ДПМНЕ имале процент од 28.1, додека во февруари има процент од 32%, или дури 4% зголемување за само еден месец.

За СДСМ од 8.3% во јануари, во февруари имаат процент од 10.4. Позитива има и кај ДУИ, Левица, Европскиот сојуз за промени, додека Движењето ЗНАМ има пад во првата изборна единица, а Алијанса на Албанците останала на истото ниво.

На истото прашање во петтата изборна единица, ВМРО-ДПМНЕ има 28.4% во јануари, а 31% во феврауари. Додека пак СДСМ во петата изборна единица белеши минус, па така додека во јануари имала 14.2%, сега во февруари има 13.2%. Мал скок во некој процент има кај ДУИ, Европскиот сојуз за промени, Левица, ЗНАМ и Алијанса на Албанците.

Share This Article