Раст од 150% на инсталираниот капацитет во обновливи извори за 11 месеци во споредба со цела 2022 година регистрира Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ).
„Согласно последните податоци од почетокот на годинава до крај на ноември издадени се лиценци со вкупна инсталирана моќност од 379,3 MW што е за 150 % повеќе од 2022 година кога се издадени 152,2 MW“, соопшти РКЕ.
– За речиси 2 години имаме нови енергетски капацитети со вкупна инсталирана моќност од 531,5 МW што произведуваат електрична енергија од обновливи извори што пак влијае врз намалување на една третина од увозот на електрична енергија, вели Марко Бислимоски, претседател на РКЕ.
Новите енергетски капацитети со инсталираниот капацитет што е во функција за помалку од 2 години може да снабдува 169.000 домаќинства.