More

    Се заканува недостиг од пивски шишиња,пиварите загрижени?

    spot_img

    Германските производители на пиво стравуваат дека би можеле да се соочат со недостиг на пивски шишиња, делумно поради зголемената цена на енергетски интензивниот процес потребен за нивно производство.

    „Ќе почувствуваме недостиг најдоцна до лето“, изјави во средата Холгер Ајхеле, извршен директор на Здружението на германските пивари, додавајќи дека ситуацијата е „екстремно напната“.

    Покрај трошоците за производство, недостатокот на возачи на камиони го отежнува одржувањето на синџирите за снабдување, рече тој.

    „Пиварите без долгорочни договори треба да платат 80 отсто повеќе за нови стаклени шишиња отколку пред една година“, рече Ајкеле, додавајќи дека некои пиварници би можеле да ги загубат своите работни места бидејќи наскоро нема да има шишиња.

    Потрошувачите треба што поскоро да ги вратат празните шишиња во продавниците за да се олесни ситуацијата, рече тој.

    Потрошувачите во Германија при купувањето плаќаат депозит на стаклени и пластични шишиња, кој се враќа кога шишињата ќе се вратат на повторна употреба.

    Заменик-претседателот на Здружението на пивари Берлин-Бранденбург, Стефан Фриче, смета дека недостигот на шишиња главно ги погодил малите и средните пиварници.

    „Тоа ја загрозува различноста на германскиот пазар на пиво“, рече тој.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img