More

    Раперот и моден дизајнер Канје Вест предизвика бурни реакции на улиците на Лос Анџелес кога ѝ го грабна телефонот на репортерката на ТМЗ и ја нападна

    spot_img

    Раперот и моден дизајнер Канје Вест предизвика бурни реакции на улиците на Лос Анџелес кога ѝ го грабна телефонот на репортерката на ТМЗ и ја нападна.

    Во видео кое кружи на интернет, контроверзниот рапер ѝ го грабна телефонот од рака на новинарката откако таа го прашала дали неговата сопруга Бјанка Ценсори има „слободна волја“.

    Инцидентот, за кој беше објавено од ТМЗ, се случил вчера пред церемонијата за воведување на името и ѕвездата на Чарли Вилсон на Булеварот на славните во Холивуд. На видеото можете да видите како една жена, која работи како папарацо, му приоѓа на Вест одзади, прашувајќи го дали „Бјанка има некаква слободна волја, бидејќи се вели дека тој ја контролира“. Сепак, пред да ја заврши реченицата, раперот се свртел кон неа и ѝ го грабнал телефонот од раце.

    И покрај тоа што екранот станл црн додека Канје го покрил со дланката, на снимката јасно се слуша како тој  ѝ вели: „Немој да ми се нафрлаш со тие глупави г…., јас сепак сум личност. Дали си полудела?“

    – Јас сум легенда, тука сум да го поддржам Чарли Вилсон, а вие доаѓате да ме прашате некои глупави работи за мојата сопруга – продолжил тој, нагласувајќи дека таа му е „сопруга“.

    Понатаму, 49-годишниот рапер продолжил да ја кара фоторепортерката, прашувајќи ја дали има „слободна волја“ и дали „работи за ѓаволот“. Додека таа го молела да ѝ го врати мобилниот, се слушаат неколку луѓе кои се обидувале да ја смират ситуацијата, но безуспешно.

    – Ме прашавте дали мојата сопруга има слободна волја. Дали беше тоа глупаво прашање, без почит, дали такво прашање му се поставува на возрасен суперхерој? – продолжил Вест, кој носел црна маска на целото лице.

    – Дали беше погрешно или правилно? Одговорете на прашањето, ако јас треба да одговорам на вашите прашања, тогаш вие одговорете на моите прашања – рекол Канје.

    Пред да се откаже од комуникацијата, Вест ѝ понудил работа на новинарката, па дури и рекол дека „ќе ѝ исплати двојно поголема плата“.

    ФОТО: Инстаграм

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img