More

    Мисајловски ги повика граѓаните масовно да излезат на гласање и да го дадат својот глас за ВМРО-ДПМНЕ

    spot_img

    Го имаме првиот ден каде во центар на плоштадот се владините возила на техничкиот премиер и со тоа да покажат дека владеат во општеството, најмоќни и тие мускули треба покажат и страв кон нивниот електорат, но има доволно простор во овие 100 дена народот да ја оцени оваа политика што се случувала изминатите години. Има име и презиме за одговорен политички субјект на сето ова, а тоа е СДСМ, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски во вечерашното гостување во емисијата „За или Против” на Телевизија Алфа.

    Тој додаде дека СДСМ нема проблем што било да изгласа само да остане на власт.

    – СДС ќе направи сѐ само за да остане на власт, изминативе години ние секој еден ден, низ многу емисии, низ народот кажуваме дека СДС е приврзок бидејќи на нив не им е битно дали македонштината веќе се губи, дали идентитетот македонски се губи – кажа Мисајловски.

    Тој е дециден дека власта прави европски фронт и прават конспирација кој на која страна е бидејќи нема што да им кажат на граѓаните.

    – Овие 100 дена повторно ќе бидат фолклор, естрада. Ништо нема да функционира бидејќи во овие 100 дена техничката Влада има улога како да направи фер и демократски избори. Минатите технички влади имаа лошо искуство и ние затоа велевме многу пати дека ова е непотребно – изјави Мисајловски.

    Тој посочи дека единствена партија што може да даде придонес за сето ова да се смени и да се има светла иднина е ВМРО-ДПМНЕ.

    – Потребно е граѓаните на 8 мај да излезат што помасовно референдумски и да ги казнат бидејќи се друго е алиби. Многу пати ќе слушнете сите се исти, па зошто би гласал, разочаран сум. Ако седите дома тогаш уште повеќе ќе бидете разочарани секој еден кој седи дома. Сега е моментот да се даде гласот на ВМРО-ДПМНЕ бидејќи единствената партија што ќе ги промени сите овие работи е ВМРО-ДПМНЕ – дециден е Мисајловски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img