Рама вели дека постои ризик од оружен конфликт

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
- Advertisement -
Ad image

Албанскиот премиер Еди Рама изрази загриженост за состојбата на северот на Косово и предупреди дека „реториката на лидерите на Косово и Србија го води северот кон оружен судир меѓу српските групи и специјалните сили на косовската полиција”.

Според него доколку се случи оружен конфликт дури и за три часа, тогаш целиот балкански регион ќе направи многу чекори назад.

– Се наоѓаме во услови кога деградацијата на ситуацијата на северот каде што препукувањата меѓу двајцата лидери, Курти и Вучиќ, од час во час се зголемуваат во сериозен ризик од фатален оружен судир меѓу групите кои дејствуваат на северот на Косово и безбедносните сили, што би било катастрофа во која меѓу нив би бил вмешан и КФОР – рекол Рама, јави Euronews.Albania.

Оценува дека „судир кој и да трае три часа, а не три дена или три недели, би се покажал фатален за сѐ што е направено овие години, со напори и иницијативи на Западен Балкан под капата на Берлинскиот процес”.

– Драматично враќање на целата иднина на регионот, не може да стане заложник на политичката игра ниту на оние во Косово, ниту на оние во Србија. Нашите земји и нашите народи ширум Балканот имаат сосема поинаков момент и сосема поинаков пат од оној по кој оди ќорсокакот на Северот – рекол Рама, додавајќи дека ќе стори сѐ за да се избегне најлошото.

Тој претходно изјави дека испратил писмо до францускиот претседател Емануел  Макрон, германскиот канцелар Олаф Шолц и претседателот Европскиот совет Шарл Мишел во кое ја нагласил неопходноста од реализација на француско-германскиот план, со поддршка на САД.

Share This Article