More

    Рама ja коментираше помошта од ЕУ за Западниот Балкан

    spot_img

    Албанскиот премиер Еди Рама за време на своето обраќање на самитот „Западен Балкан и ЕУ“ во Скопје изјави дека пакетот помош од шест милијарди евра која Унијата ја планира за регионот е ситна и дека тоа се само 130 евра по граѓанин, за разлика од други земји во ЕУ кои добиваат 400.

    – Разликата помеѓу она што го добиваат земјите од ЕУ и она што го добиваме ние е поразителна – рече Рама.

    Тој во своето обраќање пред панелот изјави и дека е добро лидерите да се соберат.

    – Треба да се среќаваме редовно бидејќи, иако сме ентузијасти, ние сме балкански народи. И ако не дојдете да нé соберете, подготвени сме повторно да ја заебеме работата – рече Рама.

    Тој коментираше и дека ЕУ требала да биде посериозна со интеграцијата и зборуваше дека Отворен Балкан е иницијатива блиска до Берлинскиот процес.

    Тој посочи колку е важна меѓусебната соработка на земјите од Западен Балкан велејќи дека „клучно е сега да ги игнорираме политиката и историјата. Она што ќе го направиме за неколку месеци ќе одреди како нашите земји ќе постапат во оваа деценија“.

    Српскиот претседател Александар Вучиќ на панел дискусијата изјави дека оваа средба е „одлична иницијатива“.

    – За нас, „зелените линии“ се многу важни, како и заедничкиот пазар. Зелените линии се, ако не и најважни, и се многу важни за создавање подобра деловна средина за нашите луѓе, но и за сите оние кои сакаат да инвестираат во овој регион – рече Вучиќ.

    Македонскиот премиер Димитар Ковачевски изјави дека оваа средба е многу важна и финансиски и за стабилноста на регионот. Тој изрази надеж дека Северна Македонија ќе стане членка на ЕУ до 2030 година.

    Претседателот на Владата на Црна Гора Милојко Спајиќ порача дека членството во ЕУ не значи да се биде само формално член на ЕУ, туку да се постигне и подлабока економска интеграција. Тој додаде дека на граѓаните треба да им се обезбедат видливи економски придобивки, да се еманципираат економски барем на просекот на ЕУ.

    Американскиот претставник Џејмс О’Брајан, помошник државниот секретар за европски и евроазиски прашања на САД рече дека шесте земји од Западен Балкан никогаш не биле поблиску до ЕУ од сега, дека треба заедно да работат и повика „да се заврши практичната работа“.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img