More

    Радев му одговори на Мицкоски

    spot_img

    Раководството на Република Северна Македонија очигледно не е подготвено. Познавањето на меѓународното право е неопходно, што очигледно недостасува. Кога ќе се потпише меѓународен договор, тој мора да биде имплементиран од сите последователни влади, а не да се ревидира.

    Вака претседателот на Бугарија Румен Радев го коментираше повикот на премиерот Христијан Мицкоски за повторно преговарање за Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија, пренесува БТА.

    Како што пренесува бугарската новинска агенција, Мицкоски вчера изјавил дека за Договорот за пријателство и добрососедство со Бугарија може повторно да се преговара. Ако договорот со Грција е реалност и дел од уставот на Република Северна Македонија, тогаш, според Мицкоски, нема причина да не се преговара за договорот со Бугарија.

    Коментирајќи ги зборовите на Мицкоски, претседателот Радев објасни дека властите во Скопје немаат познавање на уставното право.

    – Моделите на бугарскиот устав и оној на Македонија се многу различни – македонскиот ги штити колективните права, додека моделот на бугарскиот устав ги брани индивидуалните права. Очигледно Мицкоски нема сознанија во однос на европското законодавство дека кога има заклучоци на Советот, донесени со консензус, тие не се предмет на пазарење, туку мора да се спроведат – рече Радев.

    Претседателот на Бугарија потенцираше дека македонскиот државенврв има многу да научи.

    – Ние сме подготвени да помогнеме и секогаш сме ѝ помагале на Република Северна Македонија на нејзиниот европски пат. Сепак, овие процеси брзо ја оддалечуваат земјата од Евроинтеграциите и тие ги загрижуваат и Бугарија и Грција, бидејќи не можете да бидете членка на НАТО и да сакате да станете членка на ЕУ и да излезете со слични позиции, важно е Република Северна Македонија да се држи до својот европски пат – вели претседателот на Бугарија.

    Потребно е познавање на статистиката, рече претседателот Радев и објасни дека најмалку 120.000 граѓани на Република Северна Македонија добиле бугарско државјанство врз основа на докажано потекло со документи.

    – Треба да има елементарно знаење во однос на човековите права, бидејќи во Бугарија не тепаме луѓе кои изразуваат различен идентитет, не пукаме во нивните клубови и ги палиме, не ги држиме подалеку од никакви позиции во администрацијата – истакна бугарскиот претседател.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img