More

    Работната група до крајот на месецов ќе подготви нов Кривичен законик

    spot_img

    Работната група која го подготвува новиот кривичен законик нема да дозволи неказнивост за злоупотреба на службената положба која произлезе по неодмана донесените измени. Академикот Владо Камбовски за телевизија Сител вели дека слична измена предвидува и новиот закон, ама последната интервенција во Кривичниот законик иницирана од владата е зачинета со политички договор.

    – Сигурно дека ќе инсистираме на она што е наш предлог како работна група, посебно за делото 353 за кое во новиот текст, точно, избришан е ставот 5 кој стана проблематичен, но затоа е дадено едно посебно кривично дело на злоупотреба на службената должност при вршење на јавни набавки. Така што, ако се избрише ставот 5, мора да оди тоа кривично дело, инаку би останала една тешка форма на злоупотреба. Не дека нема да е казнета, тогаш сторителот ќе одговара за општото дело на злоупотреба, но нема да биде тоа дело одмерено, односно, вината на сторителот одмерувана според степенот на штетноста, односно, со построга казна. Така што, не ќе може да остане вака како што е да виси, значи да нема сега потешко казнување за злоупотреба при врешење на јавни набавки –  вели Владо Камбовски.

    Според Камбовски, за донесување на новиот Закон за амнестија неопходна е детална анализа која во моментов остсуствува и додава дека се потребни аргументи дека пренатрупаноста на затвореницте е главен мотив за ослободување затвореници.

    Примената на амнестија треба да е внимателен процес кој според Камбовски, ќе спречи на слобода да излезат и сторители или помагатели на грозоморни убиства или на штета на државата.

    – Строгоста сепак треба да опстои до крајот затоа што кај тие дела се смета на генерално превентивното дејство на казната. Ако луѓето влегуваат во такви видови на криминал со надеж дека ќе добијат после некое време помилување. Тоа сигурно не делува многу, генерално превентивно на одвраќање кај потенцијалните сторители на такви дела – појаснува Камбовски.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img