Путин вели дека Русија никогаш не одбила да преговара

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Рускиот претседател Владимир Путин во денешното обраќање на виртуелниот Самит на Г20 изјави дека е неопходно да се размислува како да се запре „трагедијата“ на конфликтот во Украина и рече дека Русија никогаш не одбила да учествува во мировните преговори со официјален Киев.

Според него Русија е подготвена за разговори, но повторно ја обвини Украина дека одбива мировни преговори. Тој истакна дека постои закон во Украина кој забранува преговори со Русија.

Двете страни претходно се вклучија во преговори, но беше постигнат мал напредок бидејќи Русија одби да се откаже од територијата што ја зазеде во Украина – додека Киев сака да ја врати целата своја земја.

Оттогаш, Путин постојано тврди дека е подготвен за разговори – но аналитичарите веруваат дека е малку веројатно тоа да се случи пред резултатите од претседателските избори во САД, пренесува Скај њуз.

На денешениот онлајн собир на Групата 20 водечки економии, Путин рече и дека Русија ги испратила првите бродови што пренесуваат жито во Африка бесплатно.

Во неговите коментари на состанокот на Г-20, Путин исто така рече дека голем дел од глобалната економска активност се префрла во Азија и Африка и повика на поголема улога на земјите во развој во Меѓународниот монетарен фонд и Светската банка.

Share This Article