Путин тврди дека економијата во Русија е стабилна

Lorita
By Lorita 2 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!

Претседателот на Русија, Владимир Путин, денеска изјави дека економската состојба во земјата во голем број клучни показатели е подобра од претходно проектираната.

Состојбата во економијата во моментов е стабилна и избалансирана, а во голем број клучни показатели ситуацијата е многу подобра од претходните проценки и прогнози, рече Путин на состанокот за нацрт-федералниот буџет за 2024-2026 година.

Путин изјави дека, спротивно на негативните прогнози, БДП би можел да достигне 2,8 отсто на крајот на годината.

– Првично се предвидуваше намалување на БДП, за во април да се проектира раст од 1,2 отсто. Веќе го надминавме тоа, а растот би можел да достигне 2,5, а можеби и 2,8 отсто до крајот на годината – рече Путин.

Тој истакна дека руската економија „се избори со невидениот надворешен притисок и целосно закрепна, при што БДП го достигна нивото од 2021 година“.

– Општо земено, сега може со сигурност да се каже дека фазата на закрепнување на руската економија е завршена. Издржавме апсолутно невиден надворешен притисок од некои владејачки елити во таканаречениот западен блок, кои ги нарекуваме непријателски – рече Путин.

Тој наведе дека приходите на федералниот буџет од нафта и гас во јули и август се приближно на минатогодишното ниво и продолжуваат да растат.

Рускиот претседател ги задолжи владата и Централната банка да преземат мерки за поддршка на националната валута.

– Очигледно, еден од главните проблеми сега е поврзан со забрзувањето на инфлацијата, при што слабеењето на рубљата очигледно е клучен фактор. Неопходно е јасно да се разберат причините за ова и да се преземат навремени мерки. Убеден сум дека владата и Централната банка ќе го направат тоа професионално – рече Путин.

- Advertisement -
Ad image
Share This Article