Путин толку ги наместил изборите што може и самиот да се излаже

Lorita
By Lorita 8 Min Read
Disclosure: This website may contain affiliate links, which means I may earn a commission if you click on the link and make a purchase. I only recommend products or services that I personally use and believe will add value to my readers. Your support is appreciated!
Russian President Vladimir Putin speaks during his annual press conference in Moscow, Russia December 14, 2023. Alexander Zemlianichenko/Pool via REUTERS
- Advertisement -
Ad image

Најважниот исход од какви било руски избори е легитимитетот, им рече Владимир Путин на највисоките руски изборни претставници кога се собраа во неговата резиденција надвор од Москва во ноември, додавајќи дека „тоа е основата на политичката стабилност“.

Во неделата, по три дена гласање, истите тие функционери прогласија убедлива победа на претседателот. Прелиминарните резултати покажаа дека Путин освоил рекордни 87% од гласовите, со излезност од неверојатни 73%, надминувајќи ги дури и најоптимистичките про-Кремљ предвидувања.

Во говорот по објавувањето на изборните резултати, Путин ја искористи оваа бројка како доказ за масовна поддршка. Но, таквите очигледно наместени избори, на кои сите вистински ривали се однапред уништени, а можно е дури и мртвите да гласаат за Путин, ризикуваат да ја поткопаат политичката стабилност по која Путин копнее.

Овие избори беа историски најниска точка за постсоветска Русија, пишува Политико.

– Со текот на годините, претседателската администрација создаде сè поповолни услови за себе. Но, овој пат тоа достигна невиден врв – изјави за Политико Дејвид Канкија, од независната набљудувачка група Голос.

Дури и да се занемари потиснувањето на опозицијата, гласањето беше најмалку конкурентно во модерната историја на Русија – само тројца кандидати го одвојуваа Путин од изборите во стилот на Сталин – со само едно име на гласачкото ливче.

Овие избори во Русија беа најмалку транспарентни досега. Никогаш досега немало толку малку независни набљудувачи со толку ограничен пристап. А значајно е и тоа што шефот на независната набљудувачка група Голос е во затвор.

На овие избори за првпат во околу 29 руски региони, вклучително и оние кои се најподложни на протести, гласањето се одвиваше електронски. Независните набљудувачи го опишаа ваквото гласање како „црна кутија“ дизајнирана да ја олесни манипулацијата со гласовите.

-Но, можеби најфлагрантната неправилност во ова море на незаконитост беше гласачката армија на „мртвите души“ – вели Екатерина Шулман, руска политичка аналитичарка во Карнеги Русија Евроазискиот центар во Берлин.

- Advertisement -
Ad image

Ова особено се однесува на гласовите од „новите територии“, односно од украинските територии под руска окупација, за кои руските власти тврдат дека имаат околу 4,6 милиони потенцијални гласачи. Оваа бројка е во согласност со старата украинска статистика од мирнодопски услови, но едвај одговара на моменталната популација.

– Очигледно е дека во време на војна, луѓето умираат, се движат – вели Шулман.

Со ваквата контастација се согласува и Дејвид Канкија.

- Advertisement -
Ad image

– Таму се води војна, воопшто нема јавен надзор. На жителите не им треба ни руски пасош за да гласаат. Значи, каков резултат сакаа властите, тоа го добија. Овде влегуваме во доменот на чистата фикција – вели Канкија.

Потоа имаше десетици милиони државни службеници и студенти кои беа принудени да гласаат.

– Парадоксално, редиците што можеа да се видат пред некои избирачки места во петокот – денот кога најмногу требаше да се гласа, веројатно за да им се даде повеќе време на изборните претставници да ги приспособат резултатите на задоволително ниво – всушност беа приказ на луѓе лишени од своите гласачки права. Како во советско време, кога бевте принудени да гласате без разлика дали сакате или не. Убеден сум дека апсолутното мнозинство Руси нема да има многу доверба во резултатите од ова гласање – истакнува Канкија.

Иако се работи за исклучително очигледен циркус, на Кремљ тоа и не му е толку важно. Наместо мерење на расположението на јавноста, изборите за време на Путин личат на национален тест за подготвеноста на државниот апарат. И овој пат, како и минатиот пат, државниот апарат го помина текстот.

Од државните претпријатија до библиотеки, универзитети и фабрики, претпоставените им даваа инструкции на своите помлади раководители како и кога да гласаат, а потоа ги малтретираа за да докажуваат дека ја завршиле задачата.

Ниту на највисоко ниво, ниту еден од тројцата наводни ривали на Путин не се осмели ниту да се преправа дека оди на победа. Изминатите три дена од гласањето му дадоа на Путин доверба дека вертикалата на моќта е воспоставена и дека Русите ќе прават како што ќе им се каже.

За Кремљ ова е корисна потврда во пресрет на, според многумина, турбулентни времиња. По изборите во 2018 година, на Русите им беа претставени болни пензиски реформи. Сега се очекува Путин да ја зголеми мобилизацијата за војната во Украина.

„Во следните недели и месеци, Путин, исто така, ќе ја промени владата, најверојатно во корист на тврдокорните“ – пишува политичката аналитичарка Татјана Становаја, додавајќи дека тие веројатно ќе ја удвојат руската посветеност на воената економија и воениот морал.

Путин ќе го започне својот петти мандат во моментите кога во позадина се одржуваат најголемите антивоени протести од почетокот на 2022. Одговарајќи на повикот да се соберат „напладне против Путин“, илјадници Руси во неделата, расфрлани на околу 95.000 избирачки места и градови низ светот, излегоа на улиците во знак на несогласување.

Во неколку избирачки места низ земјата, некои луѓе се обидоа да ги оштетат гласачките кутии и избирачките места, со поливање на гласачките ливчиња со зелена боја и мастило или со предизвикување пожари. Иако не е јасно што точно ги мотивирало овие луѓе (едната верзија е дека биле измамени), многу набљудувачи ја гледаа саботажата како израз на бес и лутина.

На крајот, многу Руси решија да го поништат своето гласачко ливче додавајќи свои антивоени пораки или запишувајќи имиња  на опозициските политичари, како што е Навални.

Овие пораки Путин нема да ги чита, но ќе поминат низ рацете на илјадници изборни функционери, дури и на повисоки инстанци.

– Главната публика за Кремљ е елитата, тие се оние кои мора да бидат убедени дека во изминатите шест години позицијата на Путин не ослабна, туку зајакна – вели Николај Петров, советник во Чатам Хаус.

Тој додава дека би било тешко да ги измамат токму затоа што тие учествувале во изборните местења и затоа знаат колку официјалната слика е различна од реалноста. Путин, сепак, нема да го знае ова – бидејќи неговите послушници несомнено ќе му претстават украсена верзија од последните три дена.

– Тука може да дојде до голем раскол. Објективно, изборите не ја зацврстија позицијата на Кремљ. Но, субјективно, Путин може да има впечаток дека ужива целосна поддршка и сега има одврзани раце – вели Петров.

Иронично, токму Путин е тој што би можел да биде најголемиот губитник од сопствените наместени гласови.

– Доколку елитата види дека под притисок на Кремљ денеска изнесуваат бројки кои значително се разликуваат од реалните, сами ќе извлечат заклучоци. Тие ќе гледаат околу себе и ќе се прашуваат на кого треба да се обложат како следен шеф на Русија – вели Петров.

Share This Article