More

    Путин се закани дека ќе ги зајакне нуклеарните сили

    spot_img

    Утрово, ден пред годишнината од почетокот на инвазијата на Украина, рускиот претседател Владимир Путин се закани дека ќе ги зајакне руските нуклеарни сили.Во изјавата објавена од Кремљ рано утринава, Путин рече: „Како и досега, ќе посветиме посебно внимание на зајакнувањето на нуклеарната тријада“. Зборот „тријада“ во контекст на нуклеарното оружје се однесува на нуклеарни проектили лоцирани на земја, во морето и во воздухот.

    Рускиот претседател најави дека оваа година за прв пат во вооружените сили на Руската Федерација ќе влезат интерконтинентални балистички ракети од типот Сармат – оружје што може да носи повеќе нуклеарни боеви глави, пренесува Индекс.

    „Ќе продолжиме со масовното производство на хиперсонични ракети од типот Кинжал, кои се лансираат од воздух. Дополнително, ќе започнеме и масовно производство на хиперсонични ракети од типот Циркон, кои се лансираат од морето“, изјави Путин.

    Најави суспензија на договорот за контрола на нуклеарното вооружување
    Да потсетиме, Путин, за време на неговото обраќање во рускиот парламент пред два дена, рече дека го суспендира учеството на Русија во Новиот СТАРТ договор за ограничување и контрола на нуклеарното оружје, што беше договорено со САД. Ова го загрози последниот преостанат пакт кој ги регулира двата најголеми нуклеарни арсенали во светот.

    Договорот беше потпишан од поранешните претседатели Обама и Медведев во април 2010 година. Тој стапи на сила во февруари 2011 година и требаше да трае до февруари 2026 година. Со него САД и Русија се обврзаа да немаат повеќе од 700 интерконтинентални балистички ракети на копно и подморници и дека тие и стратешките бомбардери нема да имаат повеќе од 1550 нуклеарни боеви глави.

    Неможност за инспекции
    Путин не најави повлекување на договорот, туку само негово суспендирање. Засега, таа суспензија вклучува не дозволување редовни инспекции на руските нуклеарни сили за да се утврди дали Москва го почитува договорот.

    Суспензијата може да се прошири и на воведување на нови интерконтинентални балистички ракети во оперативна употреба без Москва да ги разоружа старите и со тоа да излезе од договорените ограничувања. Без можност за директен инспекциски надзор, единствено средство за контрола ќе биде надзорот од сателити и разузнавачката работа, што само ќе резултира со зголемување на недовербата во и онака заладените односи.

    Американскиот државен секретар Антони Блинкен го опиша овој потег на Путин како „лош и неодговорен“. Тој рече дека администрацијата на претседателот Џо Бајден се уште е подготвена да разговара за договор со Русија „во секое време, без оглед на тоа што се случува на друго место во светот“.

    „Внимателно ќе набљудуваме што всушност прави Русија“
    „Внимателно ќе набљудуваме што всушност прави Русија. Се разбира, ќе се однесуваме соодветно и ќе се обидеме да ја обезбедиме безбедноста на САД и нивните сојузници. Мислам дека е важно да продолжиме да се однесуваме одговорно во однос на ова прашање. Тоа е она што остатокот од светот го очекува од нас“, рекол Блинкен, а пренесува Си-Ен-Ен.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img