Претседателот Владимир Путин рече дека Русија ќе биде подготвена да разговара со Украина, САД и со Европа за иднината на Украина доколку сакаат, но Москва ќе ги брани своите национални интереси.
Путин, кој во февруари 2022 година ги испрати руските трупи во Украина, повеќепати изјави дека ќе биде подготвен да разговара за мир, но западните власти веруваат дека тој ги чека претседателските избори во САД во ноември наредната година пред да направи вистински напор.
– Во Украина, оние кои се агресивни кон Русија, како и во САД во Европа – дали сакаат да преговараат? Ние ќе го направиме тоа, но врз основа на нашите национални интереси – рече Путин пред руските воени претставници во Москва.
Русија сега контролира околу 17,5% од меѓународно признатата територија на Украина. Во 2014 година, Москва го анектира Крим, а исто така вели дека дел од Русија се и четирите украински региони што делумно ги контролира.
Киев, пак, возвраќа дека нема да биде мирно додека последниот руски војник не биде протеран од земјата.
Путин исто така рече дека САД ја искористуваат Европа за свои интереси и дека Русија не планира никаква војна во Европа.
– Членството на Украина во НАТО не е прифатливо за Русија ни за 10, ни за 20 години – рече Путин.