More

    Путин оди во Северна Кореја. Писмо објавено пред патувањето

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека ќе ги подигне односите со Северна Кореја на повисоко ниво и вети безрезервна поддршка за таа земја, објави севернокорејската државна агенција КЦНА пред неговата посета на таа земја.

    Во писмото објавено во севернокорејскиот весник Родонг Синмун, весникот на владејачката Работничка партија, Путин истакна дека во текот на изминатите 70 години, двете земји развиле добри односи и партнерство засновани на еднаквост, меѓусебно почитување и доверба.

    Путин и се заблагодари на Северна Кореја за поддршката на руската специјална воена операција во Украина, како што Русија ја нарекува војната што ја започна пред две години, и вети поддршка за напорите на Пјонгјанг да ги брани своите интереси и покрај, како што напиша, „притисокот, уцената и воените закани од САД – И“.

    Написот беше објавен еден ден откако двете земји објавија дека Путин ќе ја посети Северна Кореја за прв пат по 24 години. Посетата треба да трае два дена, почнувајќи од вторник.

    Руската агенција ТАСС пренесе дека рускиот претседател нагласил дека соработката меѓу двете земји ќе биде уште поблиска, што ќе го зајакне нивниот суверенитет и ќе ги обедини во отпорот на притисокот од Западот.

    Во написот, според ТАСС, Путин посочил дека Северна Кореја била и останува „сигурен партнер“ кој размислува „на сличен начин“ како Русија.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img