Рускиот претседател Владимир Путин денеска изјави дека секоја земја што ќе се обиде да воведе зона на забранети летови над Украина, за Москва ќе биде земја што одлучила да влезе во конфликтот.
– Секое движење во оваа насока од нас ќе се смета за учество во вооружен конфликт на таа земја, рече рускиот лидер за време на состанокот со вработените во Аерофлот – јави АФП, пренесува НДТВ.
Тој додаде дека воведувањето зона на забранети летови ќе има „колосални и катастрофални последици не само за Европа, туку и за целиот свет“.
Путин, исто така, ги отфрли гласините дека Русија планира да прогласи воена состојба по воениот упад на неговата земја во Украина.