Рускиот претседател Владимир Путин ќе оствари еднодневна посета на Обединетите Арапски Емирати и Саудиска Арабија фокусирана на војната Израел-Хамас. „Патувањето ќе трае само 24 часа“, изјави Песков за руската новинска агенција Интерфакс.
Разговорите ќе се фокусираат на билатералните односи, војната меѓу Израел и Хамас и други меѓународни прашања, рече Песков. На дневен ред ќе бидат и прашањата поврзани со ограничувањата на цената на нафтата под ОПЕК +, додаде тој, пренесува АП.
Ден подоцна Путин ќе биде домаќин на иранскиот претседател Ебрахим Раиси во Москва оваа недела, соопшти во вторникот Кремљ.
Путин ќе ја посети во време кога Русија сака да ја унапреди својата улога како моќен посредник во конфликтот на Блискиот Исток.
Рускиот претседател ја посети Кина во октомври и неодамна имаше неколку патувања во поранешните советски земји.
Меѓународниот кривичен суд издаде налог за апсење на Путин во март за воени злосторства, обвинувајќи го за лична одговорност за киднапирањето деца од Украина. Откако беше издаден налогот Путин избра да не присуствува на самитот на БРИКС во Јужна Африка, а наместо тоа имаше видеообраќање.
Бразилскиот претседател Лула де Силва денеска изјави дека Путин ќе биде поканет на самитот на Г20 кој ќе се одржи во Бразил во септември 2024 година, а дека на Путин е да процени дали да дојде имајќи ги предвид последиците од распишаната потерница.
Бразил е земја која ја признава јурисдикцијата на Меѓународниот кривичен суд. Да Силва го коментираше ова на следниот начин:
– Бидејќи Бразил е потписник на Римскиот статут, Бразил е одговорен – истакна Да Силва, објави весникот „Кореио Бразилија“.