More

    Замрзнатиот дожд и студеното време што ја погодија Германија доведоа до сообраќајни несреќи во кои загинаа три лица, додека аеродромот во Минхен привремено ги прекина летовите

    spot_img

    Замрзнатиот дожд и студеното време што ја погодија Германија доведоа до сообраќајни несреќи во кои загинаа три лица, додека аеродромот во Минхен привремено ги прекина летовите.

    „Ученик загина во несреќа со училишен автобус во планините Ерзгебирге во источната германска покраина Саксонија. Најмалку уште десет ученици се пренесени во болница. Двајца возрасни, меѓу кои и возачот на автобусот, се тешко повредени“ – соопшти полицијата.

    Автобусот удрил во страна на возило за зимско одржување на патиштата во областа Сехматал во близина на границата со Чешка, јави германската новинска агенција ДПА.

    Поради леден дожд утрово повторно беа прекинати летовите на аеродромот во Минхен. Портпаролот на аеродромот потврди за ДПА дека сите писти се замрзнати од ледениот дожд и нема услови за безбедно слетување и полетување.

    На онлајн распоредот на пристигнувања и полетувања на летовите на тој аеродром, сите наведени летови се откажани или одложени.

    „Аеродромските писти и паркингот ќе бидат одмрзнати во првата половина на денот. Планот е да се овозможи воздушниот сообраќај да продолжи од пладне. Сепак, се претпоставува дека повеќето летови во текот на остатокот од денот, исто така, ќе мора да бидат откажани од безбедносни причини“, објави аеродромот на својата веб-страница.
    Новиот прекин доаѓа само 48 часа откако аеродромот продолжи со работа по дводневното затворање поради обилните снежни врнежи.

    Уште две лица загинаа во судир на автомобил и трактор-приколка на автопатот А8 во Горна Баварија. Според полицијата, нивниот автомобил се лизнал под задниот дел на камионот, кој запрел поради замрзнатиот дожд на површината на автопатот.

    Автопатот А99 во близина на Минхен е затворен во двата правци откако во верижен судир учествувале 13 возила. Засега нема информации за евентуални повредени, јавува ДПА.

    Железничкиот оператор Дојче Бан соопшти дека сообраќајот во регионот на Минхен ќе биде погоден од невремето неколку дена.

    Железничките линии за австриските градови Салцбург и Инсбрук, како и за Цирих во Швајцарија, останаа во прекин рано наутро во вторникот, но некои меѓуградски возови требаше да продолжат да сообраќаат кон Австрија подоцна во текот на денот, според ДПА.

    Дојче бан соопшти дека може да има откажувања и доцнење на возовите во други делови на јужна Германија. Од патниците беше побарано да го одложат патување до среда.

    Јужна Германија, како и соседните Австрија и Швајцарија, доживеаја обилни снежни врнежи кои го зафатија јавниот транспорт низ целиот регион и предизвикаа узбуна за можни лавини.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img