Рускиот претседател Владимир Путин денеска може да и се обрати на нацијата, јавуваат руските медиуми.
Треба да се напомене дека оваа информација не доаѓа од руските државни медиуми, туку ја објави независниот весник „Радовка“.
Според веб-страницата, Путин би можел да го промени статусот на „специјална воена операција“, како што ја нарекува руската инвазија на Украина од почетокот на војната.
Во претходното обраќање, Путин го обвини Западот дека е вклучен во „нуклеарна уцена“ и рече дека не блефира дека ќе ги искористи „сите средства што ни стојат на располагање“ доколку биде загрозена руската територија.