More

    Путин и Шолц седнаа на белата маса

    spot_img

    Рускиот претседател Владимир Путин го седна германскиот канцелар Олаф Шолц на крајот од масата, долга шест метри, на денешната средба во Кремљ, посветена на разговорите за украинската криза, истата позиција што му ја додели и на францускиот претседател Емануел Макрон минатата недела, откако одби да се тестира со руски тест против коронавирус, јави ДПА.

    Белата маса, со стакло на горната површина и со цветни мотиви стана меме на интернет, откако беа објавени слики од разговорите на Макрон со рускиот лидер.

    Како и Макрон, и Шолц денеска одби пред разговорите да направи руски ПЦР тест за коронавирус, а место тоа, се одлучи за тест што ќе го спроведе лекар од германската амбасада во неговиот авион по слетувањето, пред тој воопшто да се симне.

     

    Затоа, портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков, денеска изјави дека социјалното дистанцирање меѓу германскиот и рускиот лидер ќе мора да биде поголемо од вообичаеното.

    – Но, тоа нема да влијае на карактерот на состанокот, содржината или времетраењето – рече тој.

    – Разговорите ќе бидат „обемни“ – уверува Песков.

    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img
    spot_img